Тајландската телекомуникациска компанија TrueMove H ја претстави
најновата неверојатна реклама на која никој не остана рамнодушен. Три
минутното видео кое е објавено на Јутуб, до сега растажи милиони, но им
ја врати вербата на луѓето во изреката дека доброто со добро се враќа.
Приказната започнува како едно младо момче е приморано да краде за да
ја одржи во живот својата мајка. А потоа тркалото започнува да се
врти...