Пипан: Со ниски удари сакаат да не исфрлат, но нема да им успее!

Судиските одлуки навистина прават да се запрашаме дали постои заговор за македонската кошаркарска репрезентација да не ја мине првата фаза. Говориме за сериозни грешки и пропусти, мислам дека е време луѓето од од ФИБА Европа да превземат одговорност. Не сакам со ова да им одземам ништо од победата на Литванците, на кои им честитам, но факт е дека судиите го имаа главниот збор и на оваа средба, изјави Пипан по средбата, Пренесува Курир.

pipan trening reprezentacija golema
-Им честитам на момците за борбата, но веќе на два меча по ред ни се случува материјално кршење на правила на наша штета. Верувавме во себе, по негативата од 12 разликата дојдовме до минус три и тогаш ни ја запреа контрата со фаул кој беше досуден после пет секунди. Вистина е дека Артеага ни се закани во Шпанија. ФИБА мора да реагира и даим се стави крај на ваквите работи. Имам чувство дека немаме ист третман како другите што не ми се случило во кариерата, нешто не е во ред. Што се однесува до играта, не сум задоволен што имаме осцилации, но позитивно е што не се предадовме и што одигравме подобро во одбрана во последната четвртина. По неправдата против Црна Гора, многу ја посакувавме победата, но што е тука е. Останува да се бориме до крај, а победата денеска на Летонија ни оди во прилог, така што шансите и натаму ни се отворени. Единствено ми е навистина криво што целиот напор што го вложија момците летово не вродува со плод поради неспортски работи, заклучи Алеш Пипан.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О