Сензација: Вавринка го исфрли Мареј

Швајцарецот Станислас Вавринка направи сензација во четврт-финалето од Ју-Ес Опен убедливо триумфирајќи против Енди Мареј. Десеттиот играч на светот триумфираше после два часа и 15 минути со 6-4, 6-3 и 6-2 и прв пат во својата кариера се пласираше во полуфинале на еден Грен Слем турнир. Вавринка синоќа го одигра мечот на животот, а за тоа колку навистина беше доминантен говори и фактот дека на третиот светски рекет не му дозволи ниту една прилика за брејк. Исто така собра 45 ,,винери'' во споредба со 15-те на Мареј.

Вавринка секогаш бил незгоден противник за Мареј со оглед на фактот дека на 14. меѓусебен дуел Швајцарецот оствари шестта победа, а оваа година Вавринка беше подобар во Монте Карло, а пред три години исто така на Ју-Ес Опен.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О