Највисоките градби во светот "боледуваат" од неискористен простор

Бурџ Халифа во Дубаи и кулата на американската банка во Њујорк се сметаат за згради со најмногу неискористен простор.
Екстремно високите облакодери не се градени само за да примат колку што можно повеќе луѓе, туку најчесто се настојува кон тоа да бидат колку што е можно повисоки. Така, погорните делови од овие згради се дизајнирани за да ја зголемат висината, но за жал тие најчесто се целосно неискористени.
Советот на високи згради и урбани средини "CTBUH", непрофитна организација која ги следи светските облакодери, неодамна објавила податоци за искористеноста на просторот во високите згради.

Така, заклучокот е дека поголем дел од нив не би требало да бидат толку високи. "CTBUH" го искористел поимот "копје на суетата", се со цел да ги објасни врвовите на зградите, со кои е постигната дополнителна висина, иако истите се целосно бескорисни.



Бурџ Халифа, највисоката зграда на светот, со своите 830 метри висина, содржи и најмногу неискористен простор, дури 244 метри. Кога овие 244 метри би биле посебна зграда, би се добила висината на 11-та највисока европска зграда.


Високите згради со изобилство на неискористен простор настанале неодамна, а најстарата е изградена во 1999 година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О