Пипан: Ако вака продолжиме имаме причина за радост

Македонската кошаркарска репрезентација во голем стил ја забележа првата победа на Европското првенство. Во третото коло, Македонија со доминантна игра ја порази Србија со 89:75 и остана во игра за освојување на едно од првите три места кои водат во следната фаза.

„Пред се сакам да им честитам на играчите. Вечерва одиграа навистина одлично. Фантастично во одбрана, дисциплинирано во напад, пожртвувано и фокусирано. Испочитуваа се што се договоривме, одиграа најдобро кога најмногу требаше, одлично се справија со противниците на секој дел од теренот. Ако вака продолжиме, сигурно ќе имаме уште многу причини за радост“, рече селекторот Алеш Пипан.
„Имаме ден одмор кој добро ќе ни дојде. Многу е важно да останеме цврсто на земја, затоа што оваа денешна победа ќе нема никаква вредност доколку не успееме да се пласираме во втората рунда. Не очекуваат Босна и Херцеговина и Летонија, две квалитетни екипи кои и натаму се во игра за пласман во следна фаза, па знаеме дека ќе мораме максимално сериозно да им пристапиме на тие две средби. Но јас верувам во моите момци и не гледам причина зошто не би можеле да ја повториме оваа игра и во наредните натпревари“, дополни македонскиот селектор.
Македонија по слободниот ден, во недела ќе игра против Босна и Херцеговина, додека Србија за противник ќе ја има Латвија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О