Русите заминуваат дома, Италија во втор круг

Кошаркарите на Русија го забележаа третиот пораз, овојпат од Шведска со 81-62, и ги загубија шансите за пласман во следната фаза.
Џефри Тејлор со 25 поени беше најефикасен кај Швеѓаните, Јонас Јеребко постигна 22, а имаше и 13 скокови, додека кај Русите Швед уфрли 15 поени.
Кошаркарите на Италија ја надиграа Финска, победувајќи ја со 62-44 и веќе се сигурни патници во следната фаза.
Италија ја загуби само првата четвртина (17-14), а потоа со одлична одбрана успеаја да ги одбијат нападите на Финците и на крајот да слават убедлива победа.
Хрватска ја забележа втората победа, откако во денешниот натпревар славеше против Полска со 74-70.
Бојан Богдановиќ со 23 поени беше предводникот на "коцкестите", додека на спротивната страна Игнерски постигна 22 коша.
Втора победа запишаа и Шпанците, кои многу лесно се справија со Чешка, совладувајќи ја со 60-39.
Вечерва играат уште и Грузија - Словенија, како и Турција - Грција. Нашата репрезентација утре од 14.30 часот се среќава со Босна и Херцеговина.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О