Совети од еден богаташ: Како да одржите врска со спонзоруша

Трент, 45 годишен финансер, кој не сака да го открие своето име поради професионални причини, изјавил дека жената не треба да се третира како „сопственост или вработен“, бидејќи во спротивно таа ќе си замине.
Неодамна се појавил како колумнист во „Earn the Necklace“, советодавен сајт за богати мажи и нивните жени и нагласил дека врската можеби е „неконвенционална“ во такви случаеви, но сепак е врска, а не само деловна трансакција.

„Таа можеби не сака да и дадете плик полн пари“, пишува богатиот зпонзор.

За од почеток на врската да се постават работите на свое место, Трент советува двете страни да ги изложат своите очекувања – финансиски, емоционални и физички.

„Спонзорот има пари, а спонзорушата тоа што нему му треба. Двајцата знаат што другата личност сака. Во врската двајцата треба да ги исполнуваат потребите на другиот, барем оние кои се лесно остварливи“.
Кога станува збор за сексот, Трент вели дека „вистинскиот спонзор“ нема пребрзо да стапи во односи со својата девојка.
Тој советува работите да се преместат во спалната соба дури по третиот или четвртиот состанок. За работите да бидат поедноставни, нагласува дека емоциите треба да се тргнат на страна.
Ако спонзорушата стане премногу врзана, спонзот треба да ја потсети на почетниот договор и обратно.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О