Што се случува со изметот во авион (видео)

Со напредокот на технологијата, се подобриле некои услови при патувањето со авион, па промени се јавуваат дури и во тоалетите. Во текот на осумдесеттите години од минатиот век, во тоалетите на авионите се користела сина течност која што го транспортирала изметот до складиштата наменети за тоа, меѓутоа поради оваа течност авионите биле потешки, па затоа им била потребна и поголема количина на гориво.
Покрај тоа, постоела опасност и течноста да истече, што на крајот би резултирало со паѓање на изметот над населените места.

За среќа, оваа течност во модерните авиони е заменета со вакуум. Така што, кога ќе се пушти вода во тоалетот во авионот, вентилите се отвораат и го пуштаат изметот низ одводен канал кој води до резервоар одреден за тоа, а по приземјувањето на авионот, тим на луѓе задолжени за тоа се грижат за отстранување на отпадот од авионите.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О