Нимиц не носи нов предлог за името

Последниот предлог кој медијаторот во април им го претстави на амбасадорите Јолевски и Василакис не е прифатлив за Грција

Медијаторот на ОН Метју Нимиц во понеделник во Атина не доаѓа со нов предлог за решавање на прашањето за името, откриваат дипломатски извори за МИА.

Последните денови грчките медиуми објавија неколку анализи за претстојоната посета на Нимиц на Атина и Скопје, при што уште еднаш нагласија дека последниот предлог кој Нимиц во април им го претстави на амбасадорите Јолевски и Василакис не е прифатлив за Грција.

Весникот „То Вима“ напиша дека „последниот предлог ’Горна Република Македонија’ беше одбиен од грчката страна затоа што е јасно дека Атина не прифаќа поставување на географската одредница пред уставното уредување“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О