Дел од медиумите вчера објавија дека актуелниот градоначалник на Општина Центар, забранил чување на кучиња кои лаат, по што следеа бурни реакции од страна на граѓаните како и писмо кое ја осудува ваквата одлука, од страна на здружението за заштита на животните Анима мунди.
Веќе стана пракса, се вели во соопштението, власта кога сака да прикрие нешто да измислува случаи таму каде што ги нема.
„Во безидејноста и немоќта како да се покрие интервенцијата и полициската опсада пред Бристол, дел од владините медиуми се обидоа едногласно донесената Одлука на Советот на општина Центар, за која гласаа и сите советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, да ја претстават како „геноцид“ врз животните. За Сител телевизија, вест не беше интервенцијата на 200 полицајци врз 10-тината паркобрани и апсењето на советник и директор на јавно претпријатие, но затоа синоќа ударна вест беше лошо срочениот спин и невистината информација, дека наводно општина Центар не дозволува на нејзина територија да се чуваат кучиња кои лаат. Доколку како телевизија со национална фрекфенција навистина сакаат објективно да информираат, можеа да ги прегледаат законите или да се јават кај надлежните во општината за став“, стои во соопштението на општина Центар.