Пипан: Десетина пати ја гледав снимката, оштетени сме

Селекторот на Македонската кошаркарска репрезентација синоќа на прес-конференцијата не сакаше да ги коментира спорните моменти во завршницата од мечот со Црна Гора, пред да ја погледне снимката, но денеска јавно ја искажа разочараноста од одлуката.

pipan-desety
„Ја погледнав снимката десетина пати и многу сме погодени и разочарани. Се случи голема неправда. Судијата најпрво го призна кошот, а потоа под притисок на другите двајца судии ја промени одлуката. Не знам зошто таква одлука и зошто ФИБА Европа не реагираше. Професионалци сме и затоа сега брзо треба да заборавиме на нервозата и да се фокусираме на натпреварот со Литванија кој за нас ќе биде своевиден поправен испит“, изјави Алеш Пипан.

Црна Гора победи на вчерашниот натпревар со Македонија со 81-80, а денеска нашата репрезентација од 21.00 часот ќе се сретне со Литванија во вториот меч од групата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О