Прекрасниот Њујорк, преку сончевиот ден и магичната ноќ

Њујорк е едноставно прекрасен, без оглед дали се разгледува преку ден или преку ноќ, во лето или во зима... Едноставно, овој град има своја магија која го освојува секој оној кој ќе го посети и во него ја раѓа непобедливата желба за повторно да му се врати, а доказ за тоа се фотографиите во продолжение на кои што е претставена сета убавина на Њујорк.

Создавањето на фотографии подразбира овековечување на одреден момент, создавање на сведоштво за само еден дел од времето, меѓутоа фотографот Стефан Виликс успеал преку само една фотографија да овековечи 24 часа од животот во Њујорк.

Така, неговата "Day to Night" фотосесија го искажува огромниот број на промени кои што се случуваат во омилениот и роден град на фотографот од најраните утрински часови па се до доцните вечерни мигови. 

За создавањето на овој проект фотографот морал да посвети огромен дел од своето време и концентрација, па така, тој престојувал просечно и по 15 часа во едно место, само за да може да креира една фотографија на која што е претставен дел од градот. 




ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О