Неименуван маж во Тексас се пријавил во одделението за Итна помош во една тамошна болница, со очигледни симптоми на тешко пијанство, а кога докторите го прашале колку алкохол испил, тој одговорил: "Ниту една капка!". Меѓутоа, алко-тестот покажал количина од 0.37 промили, што воедно е и пет пати повеќе од дозволеното ниво за возење во оваа држава.
За тоа време му била давана нормална болничка храна, но нивото на алкохолот во крвта едноставно не се намалувало. На крајот било утврдено дека неговото тело произведувало алкохол секогаш кога тој ќе внел јаглехидрати во организмот, а тоа е благодарение на габата "saccharomyces cerevisiae".
Поедноставно кажано, овој човек се опива и при самото јадење на парче леб. Несреќниот маж, на возраст од 61 година, останал на лекување се додека не било утврдено дека габите се размножиле, па затоа му била препишана и доза од антибиотици. Кога во неговиот организам конечно била воспоставена повторна рамнотежа, тој можел да си замине дома, секако, овој пат целосно трезен!