Нова белгиска инвестиција во Македонија

Анализите се при крај, а преговорите се во завршна фаза, за една од најголемите инвестиции во Македонија од Кралството Белгија. Ова го изјави за Македонската телевизија, економскиот промотор на Агенцијата за странски инвестиции и извоз во оваа држава Крешник Бехтеши.

invest macedonia-500
- Ние очекуваме наредната година, една голема компанија од автомобилската индустрија, да донесе одлука за инвестирање во Македонија. Очекуваме тоа да биде февруари или март и мислиме дека тоа ке биде втората најголема инвестиција во Македонија од Белгија.
Сепак, за која фирма станува збор, за износот на инвестицијата како и за локацијата на производните капацитети, Бехтеши се огради врз основа на етиката во бизнис секторот. За тие информации ќе треба да се причека до моментот на склучување на договорот.
Во изјавата за Македонската радио телевизија Бехтеши најави и дека до крајот на оваа годинаа многу реално може да се очекува гринфилд инвестиција и од дрвната индустрија која би произведувала мебел во Македонија наменет за белгискиот пазар, како и од хемиската и пластичната индустрија.
Економскиот промотор на Агенцијата за странски инвестиции и извоз во Кралстовот Белгија, потсети дека изминатава година неколку текстилни компании од Белгија имаат остварено соработка со Македонија мегу кои е и брендот “Л анд Л“ чии први нарачки веќе пристигнаа во Македонија, а секако и досега најголемата инвестицја од оваа држава – фабриката за производство на автобуси Ван Хол.
Инаку, Агенцијата за странски инвестиции го подговува вториот економски форум во Брисел - кој според најавите ќе се одржи на крајот на годината и барем според искуството од предходниот оттаму очекуваат позитивни резултати.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О