Најмалку три земји дале мито на членовите на жирито на овогодинешната „Евровизија“, додека Азербејџан нуделе голема сума на сите оние кои ќе ветат дека ќе гласаат за нив, открива анонимен извор близок до организаторите, пишува „Дејли Меил“.
Азербејџан и уште три други земји нуделе мито во замена за гласови, а од Евросонг веќе почнале истрага за тоа дали има купување гласови.
Во натписот на „Дејли Меил“ се спомнува и Македонија дека се обидела да направи шема на менување за гласови за да обезбеди повисоко место.
Нашите претставници Есма и Лозано на годинешната „Евровизија“ во Малме не се планираа во финалето.