Фотографија која ќе ве трогне - Желба му била да ја гушне ќеркичката за последен пат

Гери Колман од Хемпшир во 2011 година боледувал од рак. Откако се проширил на мозокот, тој имал уште кратко време за живот.

Неговата сопруга Џоен, во тој период забременила па веста дека го очекуваат своето прво бебе истовремено ги усреќила, но и ги натажила.

Се помириле со фактот дека Гери нема да може да мине многу време со нивното бебе, па сватиле дека ќе мораат да го искористат секој скапоцен момент.

-Последна желба му беше да ја гушне ќерка му, па решив да ме породат со провокации за тој да може да помине малку време со плодот на нашата љубов, вели Џоен.

Брачната двојка ја добиле Амба, нивната прва и единствена ќеркичка. Гери купил честитки за првиот, тринаесеттиот и осумнаесеттиот роденден на ќерка му, затоа што сакал да биде дел од нејзиниот живот.

Само седум дена по нејзиното раѓање, Гери починал, но неговата сопруга вели дека тој може да почива во мир затоа што му се исполнила последната желба, барем за момент да си ја гушне ќерката.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О