Шефот на Реал: Го зедовме Герет Бејл “за џабе“


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез зборуваше за трансферот на најновата ѕвезда во тимот Герет Бејл.

garethbale
Перез го најави Велшанецот како ексклузивен играч и изјави дека не е загрижен од 100-те милиони евра трансферна сума, и дури е на милење, дека Бејл излегол доста евтин.

“Тој е уште еден фудбалер од нашиот проект да ги купуваме најдобрите на пазарот. Покрај тоа, тој од мал сонува да игра за Реал. Што е поубаво од тоа? Фиго, Зидан, Бекам и Роналдо исто така беа скапи, но не изгубивме пари од нив”, изјави Перез.
Тој додаде дека досега не се мешал во работата на Карло Анчелоти во врска со статусот на Икер Касиљас и не планира да го прави тоа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О