Заев по наредба на Црвенковски го копира Груевски, но без ефект

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и нејзиниот нов претседател Зоран Заев го имитираат однесувањето и потезите на претседателот на Владата, Никола Груевски. Партиски извори за Курир потврдуваат дека „вечниот“ лидер на партијата, Бранко Црвенковски му наредил на неговиот наследник  да го имитира однесувањето на Груевски. Се шали КУРИР. Куририци да јадат

zaevbranko123
Иако е воочливо дека тоа не му одговара на новиот претседател на СДСМ и не му оди од рака, сепак се’ позабележливо е организирањето на исти настани и слично однесување на челниците на СДСМ со оние на владејачката партија.
Сепак, ваквото копирање од страна на опозицијата е без реални ефекти и реализација. Најчесто се копира не за да се промени нешто, туку само да се наметне таков впечаток во јавноста, без суштинско подобрување.
За ова говори и податокот што Заев најави бран на промени во партијата, што за многуммина наликува на новиот бран на ВМРО-ДПМНЕ кој веќе е реализиран, но во СДСМ останаа истите кадри од времето на транзицијата на Бранко Црвенковски, како Радмила Шекеринска, Игор Ивановски, Јани Макрадули и Љубомир Фрчкоски.
Претходно, вработените во партијата го фотографираа Заев како остварува контакти со граѓани по пазарите и населените места, сакајќи да се престави како обичен граѓанин кој ги разбира нивните проблеми, но истиот тој Заев поседува бизнис империја вредна неколку милиони, возејки се до местата со скапи автомобили вредни стотици илјади евра.
Дека копирањето на идеите е без реални ефекти и реализација говори и изборот на нов претседател на битолскиот огранок на СДСМ. Заев и СДСМ распишаа јавен повик за волонтери и на јавен оглас бараше претседатели на општинските организации, нешто  то го прави ВМРО-ДПМНЕ од многу одамна.
Сепак, Заев наместо да направи промена во општинските организации во најголемиот дел ги остави истите претседатели кои беа именувани од Црвенковски и кои доживеаа пораз на локалните избори. Свеж е примерот во Битола, каде и понатаму за претседател е Васко Ковачевски.
Заев веднаш по доаѓањето на челното место во СДСМ исто како и Бранко Црвенковски најави изработка на програма, нешто кое Груевски и ВМРО-ДПМНЕ веќе многу одамна го направија. Програма од СДСМ се уште нема.
Исто така,  Заев како и Црвенковски најави влада во сенка, но такво нешто не е ни на повидок. Згора над тоа, Заев во стилот на Груевски на терен излезе на лице место да промовира холандска инвестиција за која после се утврди дека не е нивна, туку на Владата.
Познавачите сметаат дека дека оригиналот секогаш ќе биде подобар од копијата и таквото копирање на однесување не може да вроди со плод. На граѓаните им треба различна понуда, а не копија, за да можат да одберат што е подобро.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О