Најсреќни се Данците, а Македонците речиси и најнесреќни

Од вкупно 156 земји, Република Македонија се наоѓа во втората половина од списокот на најсреќни земји во светот, а најсреќни се жителите на Данска.
Најсреќните луѓе живеат во Данска, Норвешка, Швајцарија, Холандија и Шведска, додека најмалку среќни се жителите на Средноафриканската Република, Бенин и Того, покажува глобалното истражување "World Happiness Report 2013", спроведено од страна на Универзитетот Колумбија.

Во рамките на истражувањето научниците ги рангираа 156-те земји според неколку параметри: социјална поддршка, бруто домашен производ, стапка на невработеност, очекуван животен век, слобода за донесување животни одлуки, перцепција на корупцијата и великодушноста.
Македонија се наоѓа на 118 место, што воедно не прави и една од најнесреќните земји од регионот затоа што единствено Бугарија е полошо рангирана од нас. Од нашите соседи убедливо најнесреќни се луѓето од Косово, рангирани на 83-то место, Албанците се на 62-то место, Србите се на 106-то место, Бугарите се 144-то место, а Грците се на 70-то место.

Во споредба со истражувањето од 2007 година, на светско ниво се забележува пораст на чувството на задоволство. Економската криза и зголемувањето на бројот на невработени во последните пет години најголеми последици оставиле во Грција, Шпанија и Португалија.
Топ 20 најсреќни земји во светот:
1. Данска
2. Норвешка
3. Швајцарија
4. Холандија
5. Шведска
6. Канада
7. Финска
8. Австрија
9. Исланд
10. Австралија
11. Израел
12. Костарика
13. Нов Зеланд
14. Соединетите Арапски Емирати
15. Панама
16. Мексико
17. САД
18. Ирска
19. Луксембург
20. Венецуела

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О