Кристијано Роналдо денеска и официјално го продолжи договорот со Реал
Мадрид до 2018 година со кој ќе стане најдобро платениот фудбалер во
светот. Португалецот, според новиот договор, ќе заработува нешто повеќе
од 17 милиони евра по сезона. Претходниот договор му гарантираше плата
од 12 милиони евра, што значи дека сега има значително зголемување во
неговите примања.
До пред неколку месеци Самуел Ето беше најплатениот фудбалер во
светот со плата од 20 милиони евра во Анжи, но откако рускиот клуб се
распадна, Камерунецот сега во Челзи заработува многу помалку.
Кристијано Роналдо сосема го заслужува ова зголемување, бидејќи на
досегашните 203 настапи за Реал Мадрид постигна неверојатно 203 гола.