На официјалната страна на
Фејсбук, премиерот Никола Груевски напиша порака до кошаркарите, но и
навивачите. Груевски вели дека и покрај двата порази, кошаркарите треба
да се бодрат и понатаму, бидејќи тогаш поддршката им е најпотребна.
-Публиката и поддршката на
репрезентацијата и е најпотребна кога и е тешко и кога губи. Ова е
моментот за тоа. Поддршката и не е толку значајна кога победуваат и
слават. Критиките и плукањата по нашите кошаркари не ги мотивираат во
овие тешки моменти, туку ги демотивираат. Тие дадоа се од себе и во
спортот не може секогаш да се победува. Затоа правилно е сега сите ние
да ги поддржиме кога им е најтешко и кога имаат порази. Така реагира
публиката на најуспешните репрезентации и клубови. Најбучна е во
поддршката кога тимот губи и е во тешка ситуација. Така тимот добива
нови крилја и излегува од апатичност и депресивност. За жал, редовно ни
се случува да си ги исвиркуваме нашите спортисти кога ќе загубат. Тие не
се ни роботи, ни супермени, па да мора секогаш да победуваат. Важно е
дека даваат и дадоа се од себе. Оваа генерација на кошаркари направи
историски резултат и таа, независно од успехот на ова првенство, не смее
да биде понижена од сопствениот народ и публика. И тие се луѓе пред
се’, не заборавајте. И на крај, порака до кошаркарите: Напред момци,
Македонија секогаш ќе биде со вас! Благодарни секогаш!, пишува Груевски
на својата официјална страна на социјалната мрежа.