Делови од Скопје утре без струја

Утре од 9:30 до 13:30 часот, дел од жителите од општина Арачиново ќе бидат без електрична енергија, а од 10 до 11 часот без струја ќе останат дел од жителите од Момин Поток и од улицата „Скупи“.

07112011155414 struja.jpg-5
Во периодот од 9 до 10 часот без струја ќе бидат селата Волково, Орман, Горно и Долно Блаце, аеродромот Стенковец, комплекс Вергина, како и граничниот премин и терминалот Блаце.
Без електрична енергија утре од 12 до 15 часот ќе бидат жителите од улицата „Васил Иљоски“, а од 11 до 12 часот жителите од Кисела Јабука, од улиците „40“ и „42“. Од 9.30 до 11 часот  без струја ќе бидат корисниците од улица „Лука Геров“ од бр. 20 до бр, 60, а од 10 до 16 часот дел од село Кучевиште.
Во периодот од 9 до 16 часот без струја ќе бидат дел од жителите од Горно Свиларе, а од 9 до 15 часот дел од улицата „Гарсија Лорка“.
Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие реони.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О