Sony Xperia Z1: Телефонот кој го посакувате

Телефонот е опремен со огромна 20,7 мегапикселна камера со Exmor сензор и голем број на фото-центрични апликации. На пример, тука е Sony Social Life апликацијата, која стримува видеа директно на социјалните мрежи. Info-Eye е апликација која е слична на Google Googles, односно можете да побарате информации за производите и знаменитостите што се наоѓаат на вашите слики. Тука е и Timeshift апликацијата со чија помош можете да сликате 61 фотографија во рок од 2 секунди.

Екранот на уредот е со големина од 5 инчи и FullHD резолуција, а внатрешноста ја пополнува новиот Snapdragon 800 процесор со четири јадра кои работат на 2,2GHz. За одличните перформанси ќе се погрижи и RAM меморијата од 2GB, а вградениот простор за складирање на податоци има големина од 16GB - и секако, можете да го надоградите со MicroSD картичка.
Како еден мал бонус, телефонот поседува сертификати за отпорност на прашина и вода. Засега не постојат информации за цената и датумот на продажба.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О