Премиера на „X Фактор“ во Америка



Музичкото шоу за потрага по таленти „X Фактор“ кое набрзо треба да стартува за прв пат и во Македонија, веќе ја доживеа својата премиера во Холивуд. Деми Ловато и Сајмон Коел свечено ја најавија третата сезона од шоуто, а на забавата им се придружија и пејачката Кели Роланд и Паулина Рубио кои исто така се дел од жири комисијата.

На црвениот килим се појави и водителот на шоуто Марио Лопез кој беше придружуван од неговата бремена сопруга Кортни Маза. Она што сигурно ќе ви „падне“ во око е изгледот на Сајмон Коел кој носи комплетно несоодветен и демоде стајлинг. Инаку,првата премиерна емисија ќе биде емитувана на 11-ти септември на Fox телевизија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О