За првпат во 17 години американската влада прогласи делумно финансиско затварање откако двата дома на конгресот не успеаја да се договорат за единствен закон за трошоци, со кој ќе се подигне горната граница за задолжување на владата.
Причината за блокадата е несогласувањето на демократите и републиканците за законот за здравствена заштита наречен Обамакер.
Републиканците се против законот, а демократите не се сложија за негово одложување.
Меѓу агенциите кои се засегнати со затворањето се националните паркови, агенциите за безбедност во сообраќајот, Одделот за одбрана. Обама најави дека ќе потпише закон со кој ќе продолжи плаќањето на војниците и дека ќе прави напори за деблокада на владата во Конгресот.
Финансиското затварање кое, според експертитем ќе лошо влијание врз целата економија, сепак нема да биде пречка за стартот на Обамакер, проект со кој ќе се обезбеди здравствено осигурување на десетици милиони Американци кои го немале.