Ова станче дефинитивно ќе ги освои
срцата на оние кои преферираат пастелни и ненаметливи бои, како и
минималистички стил на уредување. 60-квадратниот стан се наоѓа во
периферијата на Москва, а ентериерното решение го потпишува младата
архитектка Александра Федорова од Русија. Во просторот
доминираат три бои: капучино, нијанси на сива и бела. Нијансите на
капучино се најзастапени и истите оддаваат чувство на смиреност и
ненаметливост, додека пак, темниот бродски под доловува одличен
контраст. Собата за дневен престој и спалната соба се одделени само со
стакло, но големите бели завеси ја обезбедуваат потребната приватност.