Швајцарија
веќе подолго време важи за една од најбогатите земји во Европа, а доказ
за тоа се и последните информации за денешните настани, кога во име на
осумте милиони граѓани на Швајцарија, од камион на плоштадот биле
истурени 8 милиони монети од по пет центи, односно 15 тони монети во
износ на 400.000 швајцарски франци!
Швајцарците собрале повеќе потписи од потребното за референдумот
за прашањето: "Дали сте за воведување на безусловен основен приход за
граѓаните?". За овој референдум, за помалку од два месеци биле прибрани вкупно 130.000 гласови, а според последните анкети, дури 68% од населението ќе гласа "за"! Иницијаторите ги предале потписите во Сојузниот завод на Плоштадот на конфедерациите во Берн.
Слоганот на целиот настан бил: "Парите се досадни самите по себе", со што Швајцарците се обиделе да укажат на фактот дека важно е што луѓето ќе прават со парите кои што ги имаат, а не колку пари имаат.
Во април годинава, Швајцарците се повикале на уставната можност да ги повикаат своите сонародници на референдум, преку кој би се избориле за тоа секој полнолетен државјанин на Швајцарија, независно од неговиот имотен, социјален, етнички или правен статус, од државата секој месец да добива по 2.500 швајцарски франци или 2.000 евра, додека пак на малолетните лица им бил одреден фиксен износ од 1.800 франци.