Мајка монструм: Хаосот во кој прегладнетото детенце било пронајдено две години по својата смрт

Некои луѓе дефинитивно не ја заслужуваат родителската улога, а една од нив е и Аманда Хатон, која што своето дете го изгладнала до смрт.
Имено, судот во Бредфорд, во Велика Британија и пресуди 15 годишна затворска казна на мајката алкохоличарка Аманда Хатон, која што дозволила нејзиниот четиригодишен син Хамзах Хан да умре од глад, а неговото мртво тело го оставила две години во домашниот кревет.


Со тоа, мајката е прогласена за виновна за убиство, за што добила казна од 12 години, а преостанатите три години затворска казна се поради нејзината бруталност.

По изрекувањето на казната, судијата Роџер Томас додал дека таа може да се смета за потенцијална опасност за секое дете со кое што таа евентуално би живеела во иднина. Во хаотичниот стан на Аманда полицајците пронашле уште пет деца, но тие не можеле ниту да претпостават дека ќе ја отворат страшната "Пандорина кутија" со влегувањето во домот.


Аманда пиела повеќе алкохол отколку вода, а обвинителите истакнале дека за неа поважни биле пијалаците, отколку децата.

Во текот на судската постапка, монструмот мајка се бранела дека малечкиот Хамзах не сакал да јаде, меѓутоа, неговите браќа и сестри потврдиле дека детенцето добивало по само еден оброк дневно и дека одвај се движело.


Аманда Хатон пред истражителите изјавила дека и претходно имала проблеми со алкохолот, но дека нештата излегле од контрола по смртта на малечкиот Хамзах, на 15 јануари 2009 година.

Меѓутоа, нејзините пријатели потврдиле дека таа всушност имала големи проблеми со алкохолот уште пред многу години. Најстариот син на Аманда, 24 годишниот Тарик Кан, добил двегодишна условна казна поради спречувањето на погребот на својот помлад брат.












ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О