Иако умирала ја принудувале да излезе на писта!

Манекенката Џорџина Вилкин (23), по седум години борба успеала да ја победи анорексијата!


Нејзината потресна приказна е предупредување за илјадници млади девојки кои непотребно се прегладуваат.
Џорџина имала само 51 килограм на висина од 178 сантиметри! Агентите ја принудувале да шета по пистите иако умирала од анорексија.


„Ми велеа дека сум била толку дебела што нема да бидам во можност да снимам ниту реклами за накит, бидејќи моите прсти биле дебели. Ниту една од манекенките не јадеше ништо со денови за време на снимањето. Пиевме само вода и кафе. Од неисхранетост започнаа да ми откажуваат срцето и бубрезите. Кога бев најслаба имав најмногу работа”, вели Џорџина.

Џорџина работи како секретарка и сака да се занимава со дизајн на ентериер.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О