Принцезата Дајана убиена поради секс-дневник?!

Британските медиуми проширија нова теорија – покојната принцеза Дајана е убиена, бидејќи водела дневник за сексуалните навики на својот сопруг, принцот Чарлс!
 
Откако починала во 1997 година, во никогаш до крај разоткриената сообраќајна несреќа, смртта на принцезата Дајана е предмет на најразлични теории на завера. Најновата теорија ја изнел истражителот Алан Палвер, кој открил дека Дајана водела дневник во кој ги опишувала сексуалните навики на принцот Чарлс, но и другите членови на кралското семејство.


Тој дневник бил тајно оружје на Дајана со кое планирала да го уценува Чарлс после разводот, за да може почесто да ги гледа синовите Вилијам и Хари.

Порано се шпекулираше дека Дајана ја убила војската, дека била бремена со дете од љубовникот Доди ел Фајед, и дека всушност Доди, а не Дајана бил мета на атентатот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О