Актерите кои со своите улоги во тинејџерските филмови ги
одбележале детствата на голем број на тинејџери ширум светот, секогаш
остануваат во нивните сеќавања, па затоа и луѓето обожаваат да погледнат
во какви славни личности се претвориле нивните идоли од младоста.
Таков е и случајот со Фреди Принц Јуниор, актер кој веројатно бил
омилен на многу тинејџерки од деведесеттите години на минатиот век. Имено, тој беше голема актерска ѕвезда од тинејџерските филмови, меѓутоа во последните неколку години Фреди живееше живот далеку од холивудските рефлектори.
Сепак, судејќи според последните информации, триесет и седумгодишниот убавец се враќа на голема врата. Тој добил улога во новата хит серија "Witches Of The East End", а ги покажал и своите одлично дефинирани стомачни мускули.
Во новата серија Фреди ќе ја толкува улогата на Лео Вингер, а за потребите на својот лик очигледно актерот сериозно се подготвувал, па може да се види и дека часовите поминати во теретаната и тоа како се исплателе.
Само како потсетување, Фреди се прослави со улогите во филмовите "I Know What You Did Last Summer", "She’s All That" и "Scooby Doo", а од 2002 година актерот ужива во семејниот живот и бракот со актерката Сара Мишел Гелер, со која што има и две деца, ќеркичката Грејс и едногодишниот син Роки Џејмс.