Надал одново е број еден во светскиот тенис

Рафаел Надал и дефинитивно ја оствари зацртаната цел, да го мине Новак Ѓоковиќ и да се пласира во големото финале на УС Опен. На шпанскиот тенисер му беше неопходен пласман во финалето од турнирот во Пекинг, што го оствари со триумфот во денешното полуфинале против Томаш Бердих. Всушност, овој меч траеше само околу половина час откако Бердих се пожали на повреда и го предаде дуелот, при водство на Надал од 4-2 во гејмови.

„Жалам за Томаш, не сакам да добивам мечеви на ваков начин. Конечно, успеав да се вратам на врвот, тоа беше нешто што си го зацртав пред камбекот, но не верував дека ќе успеам така брзо, уште во текот на оваа година. Сакам да им се заблагодарам на фановите, кои ми даваат безрезервна поддршка тука, како што е тоа впрочем и на сите останати турнири“ - изјави Надал, кој се враќа на врвот на АТП-листата по пауза од 824 дена.

Во второто полуфинале во Пекинг попладнево ќе се сретнат Ѓоковиќ и Гаске, но дури и доколку Србинот слави и ја освои титулата на овој турнир, тој нема да добие дополнителни бодови бидејќи и лани се закити со трофејот во кинеската престолнина. Надал лани не учествуваше на турнирот во Пекинг, па токму затоа бодовите собрани со самиот пласман во финалето му се доволни за да го мине Новак.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О