Во својата биографија вели дека се оддал на алкохолот и дрогата по поразот од Мејветер. Тој во детали ги опишува своите проблеми и обидите за самоубиство.
-Влегов низ задната врата во кујната. Земав набрзина еден рецкав нож и го притиснав на зглобот. Ја кренав острицата и страшни мисли ми минаа низ главата. Како можев сите да ги изневерам? Зошто ова вака мора да заврши? Ако веќе нема среќен крај, подобро тоа да го завршам што побргу, ајде Рики! Ти го можеш тоа! Никој не мисли на тебе! Направи го тоа. Острицата на ножот ја сече кожата и доаѓа до месото. Само сакам да умрам. Но, не можам да го направам тоа. Ни сам не знам зошто. Тогаш го испуштив ножот и заплакав".
-Обидите за убиство ми се случија пет-шест пати. Ни самиот не го знам точниот број. Тоа не се баш убави спомени, пишува Хатон во автобиографијата.