Антиќ: Не сум престар за НБА

Pol Milsap i Pero Antic
Перо Антиќ е цел на известувачите од тренинг-кампот на Атланта Хоукс не само поради своите вештини демонстрирани на паркетот, туку и со своите размислувања за играњето во најсилната кошаркарска лига во светот.

- Европската кошарка доведе доста НБА-играчи. Знам дека тие играат физички и брзо, со многу трчање. Јас сум се уште во добра форма. Сите можат да мислат дека сум престар за НБА, но, едноставно, ми беше потребен друг предизвик за да дојдам тука и да се испробам себеси. Од тоа што го гледам на тренинзите, можам да бидам О.К. во оваа игра со доста трчање, во нападот и во одбраната. Треба да напредувам, - изјави 31-годишниот досегашен репрезентативец на Македонија и капитен на националниот тим за „Атланта џурнал конститјушн“.

Првиот Македонец во НБА своето деби во дресот на „јастребите“ треба да го има на 7 октомври на егзибицискиот натпревар со шампионот Мајами на Флорида.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О