Македонија е на петто место во светот и на прво во Европа за започнување бизнис. Си-Ен-Ен ниту една европска земја не ја стави пред Македонија. Тоа укажува дека овие години се работело. Има уште многу индивидуални проеблеми, но нашето работење дава резултати и не случајно компаниите се интересираат за Македонија,“ изјави премиерот Никола Груевски на партиската трибина во Тетово, по повод рангирањето на Македонија од страна на Си-Ен-Ен во топ пет земји во светот за започнување на бизнис.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека ги убедува странските компании да отидат не само во главниот град, туку и во внатрешноста, а доказ за тоа се инвестициите на Дрекслмаер во Кавадарци, Кромберг и Шуберт во Битола, Џонсон Контролс во Штип. Груевски нагласи дека има и компании кои планираат и инвестиции во Тетово, но тоа се уште не може да се објави.
„Работам посилно од тоа кога го започнав мандатот, најмалку 20 отсто повеќе, иако тогаш мислев дека тоа е максимумот. Искуството ми обезбеди повеќе енергија. Не само што не го намаливме темпото, туку го зајаканавме и се навикнавме така да работиме, неуморно. Така и ќе продолжиме. Не постои проект кој сме го започнале и не сме го завршиле, за разлика од минатото. Денеска тоа што ќе се вети се почнува, а тоа што ќе се почне се завршува, но лесно не се ветува,“ рече Груевски.
Тој се осврна и на помошта која им се дава на земјоделците.
„Кога дојдовме немаше субвенции, само во 2006 година едвај 5 милиони евра. Останавме доследни дека ќе ги помагаме земјоделците, оваа година со 135 милиони евра од Буџетот за македонското земјоделство. Народот го цени тоа, не затоа што се сме решиле, не затоа што сите се вработени, има уште многу проблеми, многу предизвици, многу луѓе кои трпат неправда, Го знаеме тоа зошто постојано сме на терен, постојано со луѓето, добро знаеме со какви проблеми се соочуваат,“ рече Груевски.
Според него, напорите даваат резултати, многу од проблемите се решени, но остануваат уште многу да се решат.
„Останавме доследни за ветената поддршка на земјоделците, а луѓето знаат да работат, затоа имаме зголемување на извозот и затоа ќе се трудиме уште повеќе да им помогнеме,“ рече Груевски.
Премиерот потенцираше дека ќе продолжи поддршката и за администрација.
„Продолжуваме со грижата за оние кои се во администрацијата. Следува нов радикален закон за јавната администрација, со кој сакаме да овозможиме поправично наградување зависно од учинокот и давање можност за напредување на оние кои даваат се од себе. Од септември следната година е предвидено зголемување на платите во јавната администрација,“ рече Груевски и нагласи дека ќе продолжат со грижата за здравството, за образованието.
„Не постои влада која инвестирала толку многу во здравството. Инвестирани се 100 милиони евра за опрема. Во здравството вложуваме други 100 милиони евра во реконстуркција и градба на болници кои беа запуштени. Кај многу ја завршувме реконструкцијата, дел се во фаза, кај дел треба да се започне,“ рече тој.
Во однос на неселективноста во борбата против корупцијата и криминалот Груевски јасно нагласи дека „Кој ќе се фати, тој ќе плати, тоа ќе биде така барем додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт”.
Во однос на прашањето за името, Груевски концизно рече дека народот не им дал мандат за да го сменат името и идентитетот. Извор: Вмро-Дпмне