Samsung гордо го претстави осум-јадрениот процесор Exynos Octa Core
најпрво кај Samsung Galaxy S4, а потоа и кај најновиот фаблет Samsung
Galaxy Note 3, но тоа нема да влијае премногу врз реалните перформанси
бидејќи чипсетот има недостатоци во градбата и не може да работи со сите
осум јадра истовремено.
Проблемот е тоа што чипсетот е составен од четири Cortex-A15 јадра кои
се користат за сложени операции и мултитаскинг, додека останатите четири
Cortex-A7 јадра се за помали опарации, но ако работат сите истовремено
ќе дојде до прегревање што може да го оштети смартфонот.
Затоа Samsung нема да лансира софтверска надградба која ќе овозможи
нивно симултано работење, што значи дека принципот на работа на Samsung
Galaxy S4 и Samsung Galaxy Note 3 останува ист, додека пак новите смартфони ќе работат на подобрена верзија на осум-јадрениот процесор Exynos каде ќе биде решен проблемот со прегревање.