Борбениот дух на малиот Мајлс го расплака светот откако на интернет беше поставено кратко видео од првата година од неговиот живот. Видеото го направил таткото Бенџамин како подарок за роденденот на мајката.
Таткото кажува дека тој и неговата сопруга поминале низ многу тешкотии. Им било кажано дека Мајлс има крварење на двете страни од мозокот и дека можеби никогаш нема да прооди. Но, за среќа денес Мајлс е совршено здрав и ужива во своето детство. Погледнете го видеото и запознајте го храброто момче!