Да, тоа е затвор! Се сончаат на плажа, имаат секс и се забавуваат, а сепак отслужуваат робија

Во сан Антонио има само едно правило - слушај внимателно доколку ти се обраќа Теофил "Ел Конехо" Родригез, затвореникот без чив благослов тука ништо не се случува.
Лишени сте од слобода во Венецуела и вашиот судија ве испрати да ја одслужите казната во Сан Антонио? Верувај ми, имате повеќе причини да прославите отколку да паднете во очај бидејќи самошто освоивте џекпот!


Затворот на Островот Маргарита повеќе личи на елитен спа центар наместо на воспитна установа, па затоа не е чудно што многумина тагуваат кога ќе ги ослободат по завршувањето на казната.

Ова го потврди и новиот документарен филм на компанијата "Journeyman", каде што може да се види одблизу она што го нуди животот во најпосакуваниот затвор на светот.

Храна, пијалок и девојки за момчињата 


Сонце, море, плажа и голи девојки таму се дел од нормалната секојдневна сцена, исто како и што на тој затвор не му недостигаат сите деликатеси и привилегии како на пример: алкохол, дрога, проституција и оружје. 


Но, дури и оваа привилегија не е се, повеќе од две илјади затвореници уживаат слобода на водење свој бизнис и можат да поминуваат време со семејството, а во близина не постојат вооружени чувари кои би создадавале притисок. 


Важи само едно правило - слушај го она што ти го збори Теофил "Ел Конехо" Родригез, познатиот шверцер на дрога, без чиј благослов ништо не се случува.

На зајакот (Ел Конехо) му припаѓаат сите заслуги што во Сан Антонио владее рај, а властите молчат, без разлика што и да направи, бидејќи на неговата територија речиси нема ни приближно онолку насилство колку што има во останатите Венецуелски затвори.


Се разбира, проблемот е во тоа што зајакот и неговата дружина без проблеми го водат нивниот бизнис надвор од Маргарита, но тоа е само мал детал од друга приказна.

Обичните затвореници со коктел во рака, за таквите работи воопшто не се загрижени, но колку е безбедно во Сан Антонио докажа и новинарот Giovana Vitola, кој мирно си спиеше на лежалката и го дочека утрото без да му фали влакно од косата.


Бидејќи гостите на Родригез никој не смее да ги допира, а за тоа и осудениците навистина немаат потреба. 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О