Материјални докази и проверени информации има многу малку, така што шпекулациите и теориите кои се обидуваат да го објаснат исчезнувањето на авионот некогаш се на граница на разумот. Меѓутоа, најновите информации покажуваат дека овој авион имал судар, по што се поставува прашањето дали по штетата која ја претрпел на едното крило, поправката била успешна?
Постои теорија дека авионот за време на летот почнал да се распаѓа, а причина за тоа бил сударот кој се случил во 2012-та година.
Наводно, авионот на аеродромот во Шангај во 2012-та година со крилото удрил во друг авион, по што останал без предниот дел на крилото. Поправката била извршена, а авионот се до овој последен лет работел беспрекорно.
Сепак, постои можност дека поправката не била адекватно изведена па за време на летот авионот почнал да се распаѓа.
Помеѓу теориите за мистериозно исчезнатиот малезиски, патнички авион се појави и таа според која вработените во тексашката компанија "Friskejl" искористиле некое непознато електро-магнетно оружје со кое авионот го направиле невидлив за нашите радари.
Според друга теорија пак, авионот експлодирал за време на лет, а на прашањето: Каде се отпадоците од авионот? - одговараат дека најверојатно паднале во огромната малезиска џунгла.
Некои пак се сомневаат дека станува збор за терористички напад - малезиските власти, американската ЦИА и бројните експерти од целиот свет се' уште не се спремни во целост да ја отфрлат можноста дека исчезнувањето на авионот може да се поврзе со терористички напад.
Друга теорија е дека можно е да дошло до расипување на некоја од функциите на авионот, или намерно го онеспособиле уредот за комуникација.
Од поновите теории е и таа дека авионот го киднапирале - аргументите за ова сценарио многумина ги гледаат во тврдењето на малезиската војска дека за време на летот дошло до неочекувана, нагла, промена на правецот.
Се почесто ја слушаме и теоријата дека пилотот всушност бил самоубиец. Тој сакал да си го одземе својот живот, заедно со животите на неговите 200 и повеќе патници.
И последната теорија која го привлекува вниманието на јавноста најмногу е таа дека авионот западнал во т.н. аеронаутичка црна дупка - постои можност дека одлетал во некоја површина која не е покриена со радари.
Тоа е една од ретките теории кои содржат надеж дека патниците можеби се преживеани...