Доживотен затвор за убиецот на најпознатиот снајперист: „Ти си американски срам”

27-годишниот Еди Рут без емоции на лицето, ја слушал пресудата според која е виновен за убиството на Чед Литлфид и Крис Кајл. Тој добил казна доживотен затвор.

Поранешниот маринец кој го застрелал американскиот снајперист Крис Кајл и ветеранот Чед Литлфилд, остатокот од животот ќе го помине позади решетки.




Еди Реј Рут (27) без емоции на лицето ја слушал пресудата на големата порота според која е виновен за убиството на двајцата пензионирани војници. Тој бил ментално способен кога пукал во најпознатиот американски снајперист и неговиот пријател. Обвинителите за ладнокрвното убиство не побарале смртна казна, па Рут го осудиле на доживотен затвор, без можност за помилување. Судиите ова пресуда ја донеле за само два часа.



„Ти стана американски срам”

Рут на 2 февруари 2013 година во стрелиште во Далас ги застрелал Кајл и неговиот пријател и воен ветеран Чед Литлфилд. На молба од мајката од Рут, Литлфилд и Кајл го повеле момчето со нив на дружба, откако западнал во психички проблеми поради напуштање на маринците.



Семејството на Рут, за време на судењето, сведочело дека тој пател од посттрауматски стрес после служењето во Ирак и на Хаити. Прво го застрелал Литлфилд, а потоа Кајл, кој го убил со шест куршуми.



Вдовицата на Кајл, Тара, не присуствувала на изрекувањето на пресудата. Мајката на Чед Литлфилд рекла дека семејството е задоволно што ја дочекало правдата, пренесува Daily Mail.



„Ги одзеде животите на двајца херои, луѓе кои сакаа да ти бидат пријатели. Ти стана американски срам“, му порачал на убиецот шурата на Лителфилд, Џери Ричардсон.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О