Еден маж преживеал напад на ајкула и го совладал предаторот на единствениот можен начин, така што го удрил во лицето.
47-годишниот пилот Патрик Торнтон бил на одмор со семејството и пливал во морето во Северна Каролина, кога во петокот го нападнала ајкула – но, не дозволил толку лесно да се исплаши, пишува ABC News.
Тој неочекувано почувствувал болка во пределот на глуждот, погледнал надоле и она што го видел било крв и ајкула долга 1.5 метри како кружи околу него.
Кога предаторот бил свртен со грб, Торнтон го удрил во главата, во пределот измеѓу очите и уште три пати го удрил во страничните делови од неговото тело.
Но, не успеал целосно да ја онеспособи ајкулата, па бил приморан повторно да ја удри со лактот, а после тоа таа му ги зарила острите заби во грбот.
Торнтон потоа раскажал дека неговата крв привлекла уште три ајкули. Мажот на крај со хеликоптер бил превезен во болница каде што сега закрепнува.
После нападот врз него, ајкулите истиот тој ден нападнале уште двајца луѓе. Во Северна Каролина е необично висока стапката на напади од ајкули, што ја сместува во најопасните места во чие море демнат овие крволочни животни.
Инаку, единствениот начин на кој можете да ја совладате ајкулата ако ве нападне е да ја удрите во пределот измеѓу очите, затоа што тоа е нивната најслаба точка.