"Мислам дека ова е една од последните шанси и затоа ја преземавме оваа иницијатива", рекол Оланд, зборувајќи за предлогот кој тој и германската канцеларка, Ангела Меркел, го изнеле во разговорот со рускиот лидер Владмир Путин.
Тој додал дека доколку не се најде компромис, односно траен мировен договор, сосема е јасно што ќе следи.
"Тоа што ќе следи се вика војна", рекол Оланд пред новинарите во градот Тул во Централна Франција.
Можеме да се обидеме, но...
Германската канцеларка Ангела Меркел, денес рекла дека не е сигурно дека француско-германскиот мировен предлог за Украина ќе успее."По вчерашните разговори во Москва, на кои бевме јас и францускиот претседател Франсоа Оланд, не е сигурно дека предлогот ќе биде успешен", рекла таа конференцијата за безбедност во Минхен.
Таа рекла дека според нејзиното и мислењето на францускиот претседател, вредело да се обидат.
"Во најмала рака, ние тоа му го должиме на украинскиот народ", рекла таа.
Меркел истакнала дека ја разбира дебатата за вооружување на Украина, но дека не верува дека тоа ќе го реши конфликтот.
За мировиот предлог за Украина, вчера разговарале Меркел, Оланд и рускиот претседател Владмир Путин.
На конференцијата во Минхен, исто така, присуствувале и украинскиот претседател Петро Порошенко и шефот на руската диполоматија Сергеј Лавров.