Модниот избор на Бијонсе падна на сјаен комбинезон со длабоко V-деколте од Александар Воте. 33-годишната пејачка позираше со својот сопруг и со ќерката на Вил Смит, Вилоу.
Кание Вест и Ким Кардашијан се појавија на забавата заедно. Додека Кание избра многу лежерен црн аутфит, неговата партнерка носеше црвена плисирана креација. Ким на настанот ја покажа и својата нова фризура.
Ријана не ја тргна насмевката од лицето додека се дружеше со бројните гости. Славната пејачка ја истакна својата фигура во цветна креација од Altuzarra.
На забавата присуствуваа и Кели Роланд, Мајкл Болтон, Ники Минаж, Деми Ловато, Парис Хилтон и Кајли Миног.
За неколку часа ќе започне престижната манифестација Греми, на која ќе бидат наградени најуспешните во музичката индустрија за изминатата година.