Зимски ден утре - студ, облаци, ветер и слаб снег

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни делови и на планините се уште ќе има услови за провејување на слаб снег, а веќе во попладневните часови ќе има намалување на облачноста. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од -11 до -3 Целзиусови степени, а дневната од -2 до 6 степени.

Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност која во попладневните часови ќе се намалува и ќе донесе претежно ведро време. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до -5 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 4 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време. До четврток утринските температури на повеќето места ќе бидат пониски од -5 Целзиусови степени, а потоа ќе бидат во постепен пораст.

За викендот се очекува потопло време.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О