Се мажи најбогатата тенисерка во светот! Претпоставувате ли кој е кумот?!

Овој Ден на вљубените ќе остане засекогаш во сеќавањата на една од најпопуларните тенисерки и убедливо најбогатата спортистка на светот, а во продолжение дознајте зошто е тоа така!

Имено, бугарскиот тенисер Григор Димитров ја запросил својата девојка, исто така планетарно познатата тенисерка Марија Шарапова, токму во пресрет на празникот на вљубените, Свети Валентајн!



Секако, за целиот свадбен спектакл да остане во светот на тенисот, погодувате? – Кум на оваа венчавка наводно ќе биде српскиот тенисер со светска слава, Новак Ѓоковиќ.

Според објавите во странските медиуми, Новак е голем и близок пријател со идните младоженци, а убавата Русинка често може да се види на трибините, како го бодри Ѓоковиќ на големите турнири.

Иако се уште не официјално потврдена информацијата за веридбата, парот не ги демантира овие тврдења, па наскоро се очекува и соопштување на точниот датум на венчавката.

 


Инаку, Марија и Григор се во врска од 2012 година, кога се запознале на еден од тениските турнири. Таа моментално е втора на “WTA” листата, а во текот на својата кариера има освоено дури 29 турнири.

Најголем успех на нејзиниот сакан и отсега иден сопруг е полуфиналето на Вимблдон, каде што бил победен токму од неговиот иден кум, Новак Ѓоковиќ. 


Српскиот тенисер пак деновиве ужива со своето семејство во Белград, а во разговорот со новинарите тој открил дека на Јелена не и подготвува ништо за Денот на вљубените затоа што, како што и неговата Јелена смета, тоа не е никаков посебен празник затоа што многу датуми за нив се поважни.

 




ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О