Додека модниот свет останува фокусиран на модната недела во Лондон, Том Форд го освојува вниманието на ѕвездите од шоу-бизнисот.
Џенифер Лопез, Наоми Кембел, Бијонсе, Рис Витерспун, Скарлет Јохансон, Ејми Адамс, Рита Ора, Роузи Хантингтон-Вајтли, Софија Вергара и Џулиен Мур беа само дел од славните гости на американскиот дизајнер.
„Ова е неверојатно. Навистина покажува колку многу луѓе го сакаат Том“ – рекла Мур.
„Возбудена сум што не морам да летам со авион некаде за да го следам моето омилено модно шоу“ – коментирала Ханингтон-Вајтли.
Очекувано, повеќето од гостите за свечениот настан избраа креација од ателјето на Форд.
