Палми и барокни канделабри ке никнат и во Жена парк

Градот Скопје ќе сади палми во паркот „Жена-борец“. Градските власти деновиве распишаа тендер за уредување на патеките и осветлувањето на паркот во кој од изведувачот се бара посебно внимание околу осветлувањето и затоплувањето на палмите,пишува утрински весник.

Градоначалникот Коце Трајановски на последната седница, пред градските советници, најави дека Градот има обврска да го уреди Жена-парк и дека за тоа се подготвуваат проекти за хортикултурно и за партерно уредување. Трајановски не посочи детали од проектите, ниту, пак, спомена дека во план е садење палми. Од Градот Скопје не даваат одговор ниту колку палми ќе се садат, ниту дали се веќе набавени и за колку пари. Информираат само дека проектите се подготвуваат, а деталите ќе ги соопштат пред да почнат градежните работи.

Според барањата на Градот изнесени во тендерската документација, се бара „да се предвиди поставување систем за загревање на палмите во зимски услови, и тоа кабловски развод, приклучници, систем за негово вклучување на температура под минус 5 степени Целзиусови. За загревање на една палма, треба да се предвиди едновремена јачина од 3 киловати. Да се предвиди поставување рефлектори под палмите за нивно декоративно осветлување во ноќните часови. Командувањето со режимот на работа на рефлекторите да биде истовремено со осветлувањето на патеките“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О