Заев: Еве ви докази, слушнете како Груевски местел и крадел избори!

Интегрален транскрипт од пресот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

Денеска почнуваме да ги разобличуваме изборните грабежи што го прави Никола Груевски со неколкумина негови соработници. Од скандалозните јасни и конкретни докази ќе слушнете како, во вистинска смисла на зборот, оваа група на власт ГИ МЕСТИ И ГИ КРАДЕ изборите во Република Македонија. Од денеска, почитувани граѓани, почнуваме со презентација на злоупотребите на Груевски и тесната група на власт при изборните процеси и грабежите на изборни циклуси во Македонија, незапаметени во светски рамки!

omba zaev
Со ваква порака лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ја почна прес-конференцијата, истакнувајќи дека ќе бидат обелоденети докази за се што правеле: од криминалите со издавања фалсификат лични документи на лица инструирани да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ; преку казни во илјадници евра на фирми, такси компании; најбезобразни притисоци врз земјоделците, администрацијата, наставниците, врз најранливата категорија граѓани – социјално загрозените. Тој објави снимки за тоа како се злоупотребувале пензионерите; како од позиција на власт масовно ги злоупотребувале институциите, што во текот на изборните процеси и за време на денот на избори работеле како изборни штабови на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ќе станете сведоци за нечовечките и недозволиви притисоци што одат до одвратни закани за завршувања на семејства ВО ЕНДЕК – рече Заев пред да почне со презентирање на првиот сет од 5 разговори, на кој, рече тој, ќе се слушне за криминалот со лажни гласачи во којшто учествуваат лично Никола Груевски и Гордана Јанкулоска.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О