Оваа убавица е најдобрата пријателка на Путин

Многу политичари се потпираат на пријателството на своите кучиња, бидејќи тие им даваат социјална и психолошка поддршка. Покрај тоа што можат да имаат голема улога во животите на политичарите, тие понекогаш стануваат симболи на политички режим, а некогаш нивните сопственици ги користат за да ги остварат своите цели.

Најдобрата пријателка на Владимир Путин е женка лабрадор - Кони Полгрејв. Додека бил претседател, па премиер, а потоа повторно претседател на Руската федерација, Кони била крај него. Путин во 2000-тата година ја добил од Сергеј Шојга, денешен министер за одбрана на Русија. Кони всушност има наследна врска со политиката, бидејќи е родена во владиниот центар Ногинск, каде кучињата се тренираат да станат трагачи и спасувачи.

Иако Путин е многу популарен во својата земја, неговото водење на политиката во текот на годините покренало тензии меѓу Истокот и Западот. Многу од оние кои лично го познаваат рускиот претседател, велат дека тој многу лошо реагира на критики, а потоа добива излив на бес или напад на депресија. Еднаш на прес конференција во Москва, бил запрашан за неговото молчење по повод критиките на негова сметка.



"Кога станува збор за лошото расположение, нормално дека го имам како и сите други луѓе во светот. Во тие случаи се обидувам да се консултирам со моето куче, таа ми дава најдобри совети", рекол тогаш Путин.

Очигледно е дека рускиот претседател многу го сака своето куче и често во јавноста може да се забележат заедно. Често присуствува на состаноци, дури и со светските лидери кои доаѓаат на посета во Русија. А кога не ѝ е дозволено да биде во присуството на Путин, Кони е многу вознемирена. Кога за време на новогодишните празници Путин држел говор на забавата за деца во Кремљ, Кони побегнала од својот чувар и се качила на бината.

Поради константното појавување покрај Путин, станала многу популарна во Русија. Најголемиот издавач на детски книги испечатил книга за деца со наслов "Приказните на Кони" на англиски јазик. Често се појавувала во карикатури како советник на Путин за надворешни односи. На Путин тие карикатури наводно премногу му се допаднале.



Путин намерно ја искористил Кони за време на тешките преговори за испорака на гас во Европа. Имено, Путин како поранешен разузнавач го проучил досието на канцеларката Ангела Меркел, во кое меѓу другото пишувало дека таа има фобија од кучиња. Путин се сретнал со неа многу пати пред тоа, па сигурно знаел и самиот за тој факт.

За време на посетата на Меркел во претседателската резиденција на Путин, претседателот ја поканил Кони да им се приклучи. Канцеларката коментирала дека "тоа куче ќе ги изеде новинарите". Путин само одговорил дека Кони "ги сака новинарите".

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О