Откриена е пештера која криела неверојатно богатство

Пештерата во која било пронајдено вредно богатство темелно се пребарува, поради можност од пронаоѓање на уште вредни предмети.

Во една од најпознатите скриени пештери сталактити, спелеолог од Израел пронашол скриено богатство старо повеќе од 2000 години. Станува збор за сребрени монети од времето на војсководецот Александар Велики. Тој ја освоил таа област околу 400 години пред новата ера.

На една страна од монетата имало слика од Александар Велики, додека на другата страна бил богот Зевс кој седел на престол. Со парите бил скриен и сребрен накит – прстени, бразлетни и обетки.



„Богатството можеби го сокриле локалните жители кои побегнале за време на конфликтите после смртта на Александар. Среброто веројатно го чувале во очекување на некои подобри времиња, но ние денес знаеме дека кој и да го сокрил, не се вратил по него“, кажал Итан Клеин, директор на израелската канцеларија за заштита на антиквитети.



Тој се надевал дека во пештерата, која сега детално се пребарувала, ќе пронајдат уште вредни предмети. Неодамна, исто така во Израел, биле пронајдени 2.000 златни монети стари околу илјада години, пренесува CNN.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О